Рула Калаф од јануари ќе биде прва жена уредник на „Фајненшел тајмс“ (ФТ) од формирањето на весникот во 1888 година.
Калаф доаѓа на местото на Лајонел Барбер, кој 14 години беше уредник на ФТ.
Барбер (64) најави дека неговата 34-годишна кариера во ФТ ќе заврши во јануари и дека ќе го замени Калаф.
Таа во ФТ работи од 2016 година и беше задолжена за стратешко планирање и инцијативи, како што е „Трејд сикретс“, нов сервис фокусиран на светската трговија. Таа координираше и повеќе од сто странски дописници, како и известувањето од Блиски Исток за време на ирачката војна и Арапската пролет во 2011 година.
Калаф истакна дека е воодушевена што ќе раководи со најголемата медиумска организација во светот.
Нов сопственик на ФТ од 2015 година е најголемата јапонска медиумска организација „Никеи Груп“, која од „Пирсон“ го купи весникот за 844 милиони фунти.
Фото: EPA/DAVID CHANG