Жена од Тексас која на годишен одмор отишла на Флорида притворена е откако на плажа собрала школки.
Диана Гонзалез со децата собрала 40 заштитени школки. Таа пред судот признала дека тоа го сторила, но додала дека не знаела дека тоа е нелегално и дека тие школки се заштитени, пишува ББЦ.
Судијата ја осудил на 15 дена затвор, како и да плати 500 долари казна. Гонзалез се извинила и рекла дека школките планирала да ги исчисти и да ги поклони на пријателите.
Таа е приведена од службеник од Центарот за риби и дивеч во Флорида, а школките ги фотографирале и ги вратиле во океанот.