Некои секојдневни продукти служат за подобрување на циркулацијата, намалување на стресот, ослободување на серотонин – хормонот на среќа, но ја зголемуваат и желбата за секс.
На прво место е ѓумбирот. Тој влијае позитивно на крвотокот воопшто, па со самото тоа и за зголемување на либидото.
Но, не помалку важно е и црното чоколадо, кое, главно, го намалува стресот и ослободува серотонин.
Свежата краставица ја подобрува циркулацијата и крвотокот кај половите органи. Аспарагусот, како и авокадото се богати со витамин Е, кој исто така, го зајакнува либидото.
Лубеницата по афродизијачки својства се споредуваат со оние на „Вијаграта”, главно поради стимулирање на циркулацијата.