Автопатската делница од Коридорот 10 од Демир Капија до Смоквица по неколку одложувања ќе биде пуштена во употреба во понеделник на 23 април.
На отворањето како што е најавено ќе присуствуваат евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар, премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кои ќе имаат и свои обраќања на настанот.
За време на настанот ќе биде промовирана и кампањата за ЕУ- инвестициите во инфраструктурата во земјава.
Овој дел од автопатот, според планот, требаше да биде завршен до 1 ноември 2017 година.
Инвестицијата во автопатот изнесува 218 милиони евра. Изградбата почна во септември 2012 година.
Со оваа делница се заокружува со целосно автопатско решение Коридорот 10 на територијата на Македонија.