Жан-Патрик Конрад добитник на наградата „Гоцева мисла“

121

Во пресрет на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, годинашната меѓународна награда „Гоцева мисла” му се доделува на Жан-Патрик Конрад, претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите со седиште во Париз.

Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент”.

Досегашни добитници на наградата „Гоцева мисла” се: Златко Крамариќ (Хрватска), Олга Панкина (Русија-Македонија), Даниела Костадиновиќ (Србија), Тања Попова (Бугарија), Звонко Танески (Македонија-Словачка), Волф Ошлис (Германија), Горан Калоѓера (Хрватска), Сабахудин Хаџиалиќ (Босна и Херцеговина), Лилјана Јанаќковиќ (Србија), Ресул Шабани (Македонија), Суат Енѓулу (Турција), Елка Наголова (Бугарија) и Ристо Василевски (Македонија – Србија).

Наградата се доделува во чест на роденденот на Гоце Делчев и неговата знаменита мисла „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите”.

Доделувањето на наградата е во рамките на традиционалната меѓународна манифестација „Фестивал на чајот и читањето”, од 15 јануари до 15 февруари 2019 година.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...