Е-тровците предлагаат граѓаните да учат од мали нозе да купуваат на интернет

Извештајот покажува дека за седум години купувањето он лајн во земјава е зголемено за 20 отсто, но споредбата со Европа покажува дека сме на дното едно место погоре од Црна Гора.

168

Асоцијацијата за е-трговија се залага за воведување посебен предмет во училишта за изучување на вештини кај младите да купуваат он лајн за да се подигне нивото на подготвеност на граѓаните за купување на интернет.

Ова, велат од Асоцијацијата е од особена важност, бидејќи ниското ниво на дигитални вештини на населението се одразува врз е-трговците (и други сектори).

– Потребно е и зголемување на свеста и капацитетите на микро, малите и средните претпријатија за е-трговијата, но и едукација на населението за јакнење и зголемување на дигиталните вештини бидејќи 49 отсто од анкетираните е-трговци како најголем предизвик го наведуваат наоѓањето на соодветен кадар за работа, а од оние кои нарачале онлајн, како една од причините го наведуваат немањето потребни вештини – изјави претседателот на Аасоцијацијата за е-трговија, Нина Ангеловска на промоцијата на извештајот од анализата „Подготвеност, потенцијал, фактичка состојба, бариери и препораки за развој на е-трговијата“

Извештајот покажува дека за седум години купувањето он лајн во земјава е зголемено за 20 отсто, но споредбата со Европа покажува дека сме на дното, едно место погоре од Црна Гора.

– И покрај напредокот во создавање на услови за раст на е-трговијата индикативно е што имаме пад во рангот на одредени индекси со соодветни индикатори како логистички перформанси и подготвеност за е-трговија – вели Ангеловска.
За ваквата состојба, додава таа, има поголем број причини почнувајќи од вештините на граѓаните да купуваат он лајн, развојот на ИКТ мрежа и низа административни бариери.

Според неа, потребно е и ревидирање на постоечката регулатива и нејзино усогласување со европското законодавство што ќе биде уште еден чекор кон раст на е-трговијата.

– Преку воведување на регистар на е-трговци ќе се помогне за нивна промоција, но и ќе се овозможи сигурност на потрошувачите. Даночните олеснувања и субвенции за достава при извоз сѐ уште еден механизам преку кој може да се помогне на е-трговците – вели Ангеловска.

Вицегувернерката Маја Кадиевска Војновиќ рече дека Народната банка ги поддржува добрите инцијативи што значат поголема дигитализација на економијата, развој на трговијата, ширење на други начини на канали на продажба.

– Долгогодишна заложба на НБРМ е поголема дигитализација во плаќањата, а со тоа и намалување на кешот во употреба – рече Кадиевска Војновиќ.

Извештајот „ Подготвеност, потенцијал, фактичка состојба, бариери и препораки за развбој на е-трговијата во Република Македонија“ инициран и изработен од АЕТМ содржи три дела: анализа на подготвеноста на Македонија за е-трговија, фактичката состојба и препораки за развој и раст.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...