Е тоа е фирма – скопски Водовод ќе исплати три К-15

7151

По 11 години ЈП Водовод и канализација – Скопје исплатува регрес за користење на годишен одмор, информираа денеска од ова јавно претпријатие. 

– ЈП Водовод и канализација – Скопје и Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Северна Македонија (СУТКОЗ) при ССМ потпишаа спогодба за исплата на регрес за 2016, 2017 и 2018 година. Со оглед на фактот дека во изминатите 11 години не беше исплаќан регрес за годишен одмор, согласно можноститите на претпријатието, а во договор помеѓу ЈП Водовод и Канализација – Скопје и СУТКОЗ во наредниот период ќе биде исплатен регрес за наведените години, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...