Ештон Качер на ќерката на Деми Мур ѝ потпиша сопственост на куќа од милион долари

1107

Актерот Ештон Качер (40) беше во брак со колешката Деми Мур (55), која има три ќерки со поранешниот сопруг, Брус Вилис. На една од нив, Румер, Качер неодамна и подарил вила вредна речиси милион долари, тврдат американските медиуми.

Според информацијата, станува збор за недвижнина во Холивуд Хилс во Лос Анџелес, над која Качер и ќерката на Деми Мур имале заедничко сопствеништво. Актерот, како што бележи „Дејли мејл“, сакал да ги прекине сите врски со поранешната сопруга и нејзиното семејство, па се одлучил да и ја препише цела куќа на Румер. Таа исто така, на судот му предала документи кои покажуваат дека таа и нејзиниот поранешен очув го финализирале договорот за сопственост на куќата.

Не е познато дали Ештон барал пари за својата половина од вилата. Наводно, Мила Кунис, сегашната сопруга на Качер, морала да ги потпише документите за предавање на куќата на Румер, бидејќи кога се омажила за него, добила право на сопственост над куќата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...