Ешли Греам, една од најпознатите плус сајз манекенки на светот, во контроверзно интервју за „Ел“ изјави дека спиела со половина Њујорк. Таа зборувала за својот интимен живот и за бракот со Џастин Ервин, при што рекла дека одлучила да немаат секс додека не се венчаат.
– Спиев со половина Њујорк, правев сè, буквално – рекла познатата дебелка манекенка, која за тоа проговорила и во своите мемоари кои излегоа во 2017 година.
Ешли рекла дека одложувањето на сексот ја продлабочило нивната врска.
– Ни го продлабочи пријателството, ни ја подобри комуникацијата. Секако дека чувствувавме неверојатна сексуална привлечност, се бакнувавме ненормално. Не се плашев дали сексот со него ќе биде добар. Тоа беше посилно од тоа – дали му верувам? Дали е тоа некој со кого сакам да бидам до крајот на животот? – рекла Ешли.
Но, затоа во бракот не се штедат. Таа тврди дека тајната на добриот брак е многу секс.
– Само водете љубов! Постојано имајте секс, дури и ако не ви е до тоа. Сфатив дека стануваме безобразни ако немаме секс, но кога го имаме, тогаш не можеме да се одвоиме еден од друг – рекла манекенката.