ЕУ: 152 милиони деца се жртви на детската работа ширум светот

51

Европската унија, по повод 12 јуни, Светскиот ден за борба против детскиот труд, посочува дека 152 милиони деца се жртви на детската работа ширум светот и повикува на заштита на детските права.

– ЕУ и натаму ќе биде лидер во борбата за правата на децата ширум светот со цел да изгради подобра сегашност и подобра иднина за младите генерации – наведува Европската комисија.

ЕК и шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини, во соопштение по повод Денот за борба против детскиот труд, наведуваат дека во светот има дури 152 милиони деца кои се жртва на детската работа и на кои им е ускратено правото на образование и сигурен животен простор.

– Европската унија, заедно со своите меѓународни партнери, по повод овој ден, ја повтори својата цврста определеност за одбрана на човековите права на секое дете – се наведува во соопштението.

Годинава се одбележуваат 30 години од Конвенцијата на ОН за правата на детето и 20 години од Конвенцијата на Меѓународната организација за работа за најлошите форми на детски труд.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...