ЕУ ќе забрани пластични прибори за јадење, чепкалки за уши, стапчиња за балони

358

Одборот за заштита на животната средина на Европскиот Парламент ја прошири листата на забранети производи од пластика за еднократна употреба.

Во предлогот на ЕК се бараше забрана на девет пластични производи за еднократна употреба во 2021 година, членовите на Одборот за заштита на животната средина, јавно здравје и безбедност на храната, ја проширија листата.

Според предлогот на ЕК, на листата на забранети производи треба да се најдат пластични чинии, вилушки, ножеви, лажици, цевки, стапчиња за општа употреба, чепкалки за уши, украси за пијалаци и стапчиња за балони.

Европските пратеници во Одборот за заштита на животната средина, јавно здравје и безбедност на храната на 10 октомври ја проширија листата со танки пластични кеси, производи кои содржат биоразградлива пластика и амбалажи за брза храна.

Извештајот, поднесен од белгискиот пратеник Фредерик Рис (АЛДЕ), исто така се залага за намалување на амбалажата за еднократна употреба за хамбургери, сендвичи, овошје и зеленчук, десерти и сладолед до 2025 година.

Исто така се бара пластичните шишиња да бидат посебно собирани и 90 отсто од нив да се рециклираат до 2025 година.

Одборот бара и за 50 проценти да се намали пластиката во филтерите за цигари до 2025 година, а 80 отсто до 2030 година. Трошоците за собирање, транспорт и уништување на отпушоците да ги покрие тутунската индустрија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...