ЕУ ќе го земе предвид спроведувањето на изборите во БиХ при оценката за членство во Унијата

78

Брисел, 9 октомври 2018 (МИА) – Европската унија ќе го земе предвид спроведувањето на изборите во Босна и Херцеговина при оценката на кандидатурата на земјата за членство во Унијата, која ја подготвува Европската комисија.

Ова се наведува во заедничката изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан.

Могерини и Хан изразуваат надеж дека „сите политички лидери ќе учествуваат во формирањето на владите на сите нивоа и конструктивно ќе работат заедно во интерес на граѓаните на нивната земја“.

– Исто така ќе биде важно и брзо конституирање на Домот на народностите во согласност со одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина. Ги повикуваме политичките лидери да покажат одговорност, истакнуваат двајцата еврокомесари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...