ЕУ се заканува со санкции против Малта

327

Европската комисија може да покрене кривична постапка против Малта за непочитување на законите, најави денеска еврокомесарот за правда Дидие Реиндерс.

Тој на дебатата во Европскиот парламент посветена на проблемите на Малта во контекст на новите откритија за убиството на новинарката Дафне Каруана-Галиција.

Еврокомесарот истакна и дека Европска Унија разгледува и воведување на санкции поради убиството на новинарката.

Во изминатите недели истрагата за убиството на новинарката стигна и до премиерот на Малта, Џозеф Мускат и неговите соработници.

Дафне Каруана Галиција беше убиена со бомба поставена под нејзиниот автомобил во 2017 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...