ЕУ сака да се избегне воена интервенција во Венецуела

124

Европската Унија бара да се најде начин да се „избегне воена интервенција“ во Венецуела, изјави денеска Маја Коцијанчич, портпаролката за надворешна политика на ЕУ.

-Категорично исклучуваме секаква поддршка од Европската Унија или прифаќање на воена ескалација во Венецуела. Предупредивме јасно дека нема да поддржиме и дека најстрого осудуваме секаква странска воена интервенција, истакна Коцијанчич.

ЕУ продолжува да инсистира на изнаоѓање „мирен и демократски“ начин за решавање на венецуелската криза, каде Николас Мадуро одбива да ја напушти претседателската функција, а опозицискиот лидер Хуан Гуаидо се прогласи за легитимен шеф на државата и беше признат од голем дел од меѓународната заедница, пред сѐ западните земји.

САД не ја исклучија опцијата за воена интервенција, а состојбата на терен се влошува од ден на ден.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...