Европска Унија жали поради исходот од гласањето во Долниот дом на британскиот Парламент, но ние не можеме повеќе да направиме за да и помогнема на премиерката Тереза Меј за да обезбеди ратификација на договорот за Брегзит, изјави портпарол на Советот на ЕУ.
Како што јави германската новинска агенција ДПА, тој наведе дека ЕУ е разочарана што британската Влада не успеа да обезбеди мнозинство за Договорот за Брегзит.
– Од страна на ЕУ ние направивме се што е можно за да и помогнеме на премиерката да постигне Договор. Ние не можеме да направи ништо повеќе. Ако постои решение за моменталниот застој, тогаш тоа треба да се бара во Лондон – истакна тој.
Долниот дом на британскиот Парламент вечерва со 391 глас „против“ и 242 гласа „за“ вторпат го отфрли Договорот за Брегзит, што претставува нов тежок удар за обидите на премиерката Тереза Меј за регулирано истапување на Велика Британија од ЕУ.