Последниот извештај на европскиот ревизорски суд констатира дека бројот на „нерегуларности“ во трошењето на буџетот на ЕУ продолжил да паѓа во 2017 на 2,4 отсто во споредба со 3,1 отсто во 2016 и 3,8 отсто во 2015.
Судот пронашол 13 случаи на злоупотреби од вкупно 700 финансиски трансакции во текот на годината.
Најпроблематични области се кохезивните фондови и фондовите за рурален развој. Најчестите злоупотреби се доделувањето фондови за нешто за што не биле првично наменети или поради грешки во сметководството.
Ревизорскиот Суд ја предупредува Европската Унија дека треба да биде пореалистична и да не ветува повеќе одошто може да исполни.
Ревизорите утврдиле дека земјите членки и натаму не ги користат максимално расположливите средства.