ЕУ од утре на 18-годишниците им дели бесплатни билети за патување по Европа

1128

Обидувајќи се да го сузбие евроскептицизмот, една година пред изборите за Европарламентот, Европската Комисија денеска најави дека од утре младите со наполнети 18 години ќе можат да се пријават за една од 20 илјади бесплатни карти за патување по Европа.

ЕК одобрила 12 милиони евра за проектот за финансирање на железнички билети за 18-годишни граѓани на земјите членки. Сртанува збор за InterRail карта, која важи еден месец и со која ќе може бесплатно да патуваат по Европа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...