Европската унија ќе го започне процес на воведување царини за американските производи од петок, како одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царински давачки за увоз на алуминиум и челик од Европа.
Се очекуваше дека 28 земји членки на ЕУ ќе го сторат тоа следниот месец. Сепак, комесарката за трговија на ЕУ, Сесилија Малстром, рече дека оваа недела ќе се воведат царини за „ребалансирање” во висина од околу 2,8 милијарди евра за американски производи.
Меѓу нив се наоѓаат челикот, земјоделски и други производи, вклучувајќи ги и бурбонот, путер од кикирики, брусница и сок од портокал.
– Немавме друг избор – изјави Малмстром.
Трамп на 1 јуни и наметна на Европската унија царини од 25 отсто на челикот и десет отсто на увезениот алуминиум. Европејците ги сфатија овие американски мерки како протекционизам што ги крши правилата на глобалната трговија.