Европската унија не постигна согласност за воведување на нов санкции за Иран поради спротиставувањето на Италија и Австрија.
Франција, Германија и Велика Британија предложија воведување на директни санкции за иранските милитанти и командантите кои се борат на страната на сирискиот претседател Башар ал Асад, надевајќи се дека со тоа ќе го убедат Трамп да не се откаже од мултилатерлниот нуклеарен договор.
– Изгледа дека нуклеарниот договор веќе е мртов, што е ризик за зајакнување на радикалите во Иран и поткопување на нашите шанси да оствариме контакт таму -изјави неименувам дипломат.
Друг дипломат наведе дека ЕУ има уште четири недели да донесе одлука, а трет дипломат посочи дека малку веројатно е оти Унијата ќе воведе нови санкции до половината на мај.
Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ се согласија да продолжат да работат на тоа прашање следните денови.