ЕУ нема да ги „исфрли“ Британците, но сака да има состаноци и без нив

70
ФОТО: EPA-EFE / STEPHANIE-LECOCQ

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави дека ЕУ е подготвена и за Брегзит без договор, но оти нема ништо да се добие со тоа.

Тој додаде дека Унијата никогаш нема да „исфрли” земја членка, но смета дека ЕУ 27, сепак, треба да имаат право да се состанат без Велика Британија, додека државата сѐ уште е членка на блокот.

Британската премиерка Тереза ​​Меј претходно во писмо упатено до државните службеници рече дека подготовките за Брегзит без договор треба да продолжат и покрај новото продолжување на крајниот рок за истапување на Велика Британија од ЕУ.

ФОТО: EPA-EFE / STEPHANIE-LECOCQ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...