ЕУ најави единствен одговор на одлуката на Трамп за Иран

ЕУ е решена да го зачува договорот. Заедно со остатокот од меѓународната зедница, ние ќе го зачуваме тој нуклеарен договор, порача Могерини.

473

Европската унија ќе одговори со „единиствен глас“ на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на САД од Договорот за иранската нуклеарна програма, соопшти првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск.

Туск на Твитер објави дека на Самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи на 17 мај во Софија, евроспките лидери ќе ја разгледаат одлуката на Трамп за Иран, но и за воведувањето на царини за увоз на некои производи во САД.

Вискиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, пак, ја повика меѓународната заедница да се придржува кон договорот и покрај одлуката на Трамп.

– ЕУ е решена да го зачува договорот. Заедно со остатокот од меѓународната зедница, ние ќе го зачуваме тој нуклеарен договор – порача Могерини.

Таа при тоа изрази „посебна загриженост“ поради најавата на Трамп за воведување нови санкции.

Трамп објавувајќи го повлекувањето на САД од Договорот најави воведување санции кон Иран од „највисок степен“, како и дека е можно со казнени мерки да бидат опфатени и други држави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...