Европската унија ги одобри подготвителните мерки за Брегзит за да го ублажи финансискиот удар врз работниците во другите земји во европскиот блок, доколку Велика Британија замине без договор.
Финскиот министер за вработување Тимо Харака изјави денеска дека со мерките ќе се обезбеди заштита за оние што ќе го загубат работното место поради тврдиот Брегзит да не бидат изневерени.
Финска моментално претседава со Европската унија.
Мерките ќе им овозможат на таквите работници да добијат финансиска помош од фонд кој им помага на граѓаните на ЕУ кои ги загубиле работните места како резултат на големите структурни промени во обрасците на светската трговија.
Брегзит без договор ги исполнува стандардите за добивање помош од Европскиот фонд за приспособување на глобализацијата.
– Солидарноста е основната вредност на ЕУ и мораме да се погрижиме никој да не биде заборавен во случај на големи економски нарушувања – рече Харака.
ЕУ соопшти дека каков било предлог на британскиот премиер Борис Џонсон ќе биде сериозно разгледан пред да каже дали е достоен да биде основа за идните разговори за заминувањето на Велика Британија од ЕУ.