ЕУ воведе санкции кон шефовите на ГРУ поради Скрипал

51

Европската унија денеска воведе санкции кон директорот на руската воена разузнавачка служба ГРУ и неговиот заменик, поради „вмешаност во труењето“ на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Велика Британија.

Во соопштението на ЕУ се наведува дека двајцата шефови на ГРУ се ставени на „црната листа“, бидејќи биле „одговорни за чување, транспорт и употреба“ на нервиот агенс Новичок, со кои беа затруени Скрипал и неговата ќерка лани во март во англискиот гард Солзбери.

По труењето Сергеј и Јулија Скрипал неколку недели минаа в болница.

За труењето Велика Британија обвини двајца руски разузнавачи, но Москва ги отфрла таквите одвинувања, тврдејќи дека нема никаква врска со овој случај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...