ЕУ: Британската Влада треба да не информира за следните чекори

66

Европската Унија денеска соопшти дека британската влада треба „што е можно побрзо“ да ги информира преостанатите 27 земји членки на ЕУ за акциите што ќе ги преземе откако привремено беше одложено изјаснувањето на Парламентот за договорот за брегзит.

– Британската влада треба да не информира за следните чекори, што е можно побрзо, објави портпаролката на Европска комисија Мина Андреева на Твитер.

Британските пратеници со 322 гласови „за“ и 306 „против“ денеска го изгласа амандманот на пратеникот Оливер Летвин, со кој се пролонгира гласањето за договорот за брегзит, што премиерот Борис Џонсон во четвртокот го усогласи со ЕУ. Со амандманот на Летвин се обезбедува Џонсон да не може да спроведи брегзит без договор на 31 октомври.

Таквата одлука би можела да го принуди премиерот Борис Џонсон да побара ново пролонгирање на датумот за излегување на Велика Британија од ЕУ.

Пратениците кои гласаа за одложување наведоа дека така ќе имаат повеќе време за дебата за договорот, за да не ризикуваат брегзит без договор.

Џонсон изјави дека не сака да преговара со Брисел за ново пролонгирање на Брегзит.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...