Навивачите ширум државава ја прославуваат втората шампионска титула на ракометниот клуб Вардар по вечерашната победа во Келн.
Голем број граѓани се собраа на Градскиот плоштад во Скопје да го проследат дуелот, каде сега се прославува големиот успех на македонскиот ракомет.
Веднаш по завршувањето на мечот колони возила се упатија во центарот на главниот град, каде до доцна во ноќта ќе се слави големата победа на „црно-црните“.
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој го објави оваа видео, повика од својот профил на Фејсбук: Ајде на прослава!!! Вардар е европски шампион!!!
фото: МИА