Еуростандард банка АД Скопје соопшти дека денеска ја известила Комерцијална банка АД Скопје во врска со пројавениот интерес за стекнување акции од Банката.
Како што е соопштено, акционерите на Еуростандард банка АД Скопје ги задолжиле органите на управување на банката да пристапат кон предходна постапка за размена на информации со цел за успешно стекнување на акциите.
„Овој процес ги засилува вложувањата на Еуростандард банка АД Скопје во развој на своите услуги и продукти и да ја следи својата мисија за континуиран напредок и развој на своето работење во сите негови сегменти, почнувајќи од човечкиот капитал, технологијата, разновидноста на своите производи и услуги, секогаш имајќи ги во фокус своите клиенти, задоволување на нивните финансиски потреби и секако, нивната успешност“, соопштија од Еуростандард банка.