Еуростандард банка: Горан Трајковски е нов член на Управниот одбор

310

 Еуростандард банка АД Скопје информира дека Зоран Николовски, долгогодишен член на Управниот одбор на банката, поради приватни причини се повлекува од функцијата, а нов член ќе биде Горан Трајковски.

„Својата експертиза Николовски ќе продолжи да ја споделува како советник на Управниот одбор на Еуростандард банка. По препорака на Надзорниот одбор на банката, за нов член на УО е предложен Горан Трајковски. Процедурата за именување на Трајковски како член на УО на Еуростандард банка е во тек. Николче Петкоски останува на функцијата, претседател на Управниот одбор“, информира Еуростандард банка.

Во соопштението наведува дека ќе продолжи да ја следи „својата мисија за континуиран напредок и развој на своето работење во сите негови сегменти, почнувајќи од човечкиот капитал, технологијата, разновидноста на своите производи и услуги, секогаш имајќи ги во фокус своите клиенти, задоволување на нивните финансиски потреби и секако, нивната успешност“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...