„Еуроникел“ ја спасува пехчевската фабрика од затворање

550

„Нова рефрактори“ беше еден од најголемите снабдувачи со огноотпорни материјали во регионот, дојде до работ на банкрот и со повторното производството на Фени Индустри, компанијата е спасена и продолжи со редовни испораки на своите производи.

Рестартирањето на производството на ФЕНИ Индустри добива сѐ поголемо значење со тоа што неговата работа позитивно се одразува и на други компании и општини. Една од компаниите што можеше да оди во пропаст заедно со Фени Индустри, но се спаси и повторно со Фени почнува профитабилно да работи е „Нова рефрактори“, производител на огноотпорни материјали лоцирана во Пехчево.

„Нова рефрактори“ официјално со производство започна во 2014 година и оттогаш па до денес се позиционираше како еден од најголемите снабдувачи со огноотпорни материјали во регионот. Имплементирајќи високи производни стандарди и воведувајќи интегрирана еколошка дозвола, единствена во Пехчево, помогна за брзо време да се етаблира во реномирана и просперитетна локална компанија.

Во март, 2018 година беше рестартирано производството во ФЕНИ Индустри од страна на инвеститорот ГСОЛ преку својата подружница „Еуроникел“. Ова значеше позитивен импулс за „Нова рефрактори“ поради фактот што „Еуроникел“ ги исплати заостанатите долгови на „Нова рефрактори“ и ги обнови комерцијалните односи, а „Нова рефрактори“ почна со редовни испораки на огноотпорни материјали на ФЕНИ Индустри.

„Еуроникел“ во контактите со менаџментот на „Нова рефрактори“ изрази заинтересираност за влез во акционерската структура на компанијата. Доколку ова се оствари, ќе има огромно значење за развојот на самата компанија и креирање нови работни места како и големо значење за Пехчево од аспект на развојот на економијата.

Во моментов, „Нова рефрактори“ има 105 вработени што претставува значајна бројка за градот Пехчево и околината. Случајот на „Нова рефрактори“ и повторното воспоставување на деловни партнерски релации е значајно и за локалната економија и воопшто за градот Пехчево.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...