ГСОЛ, заедно со своето претставништво ЕуроНикел договара средба со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и советниците на Општина Кавадарци на која ќе ги запознаат со планот за реорганизација на ФЕНИ Индустри, што сè досега беше направено за спас на фабриката и кои се идните планови.
Компанијата смета дека е од суштинска важност претставниците на локалната самоуправа да бидат запознати со предностите на планот за реорганизација, со што ќе се избегнат можни дезинформации кои би биле на штета на компанијата и на вработените и нивните работни места.
На средбата, ЕуроНикел ќе ги презентира сите чекори што досега беа направени од ЕуроНикел за спас на ФЕНИ, планот за реорганизација и идното инвестирање во комбинатот и како тоа ќе се одрази врз развојот на целиот регион и ќе се појасни дека се друго од овој план е на штета на ФЕНИ и може негативно да се одрази врз иднината на компанијата.
ГСОЛ, преку своето претставништво ЕуроНикел досега ги исплати сите доверители на ФЕНИ чии побарувања беа влезени во стечајната маса, се отиде и чекор понатаму со исплата на транспортерите од Кавадарци кои не беа влезени во стечајната маса, за што се дадени 3,1 милион евра и истите со нови договори веднаш повторно се ангажирани. Своите намери за ФЕНИ, ГСОЛ ги потврди и со излегување на огласот за преработка на никелова руда, каде што беше единствената компанија која даде гаранција преку сопствени ресурси за руда, инвестиција од 3 милиони евра и дополнителна банкарска гаранција од 5 милиони евра. Овој чекор беше клучен во спасот на ФЕНИ и егзистенцијата на вработените. Гаранција за иднината на ФЕНИ е и обезбедување на рудни ресурси за понатамошна работа на ФЕНИ, а ГСОЛ располага со ресурси на висока квалитетна руда што обезбедува работа за фабриката на долг период. Во досегашното работење со ФЕНИ, ГСОЛ, ЕуроНикел преку договорот за преработка успеа да го одржи во живот ФЕНИ во текот на целата стечајна постапка, но уште повеќе ја обезбеди егзистенцијата на вработените со редовна плата од 500 евра како и со договори со транспортерите, со што го врати оптимизмот во ФЕНИ и се стекна со доверба меѓу вработените.
За разлика од ГСОЛ/ЕуроНикел ни една друга компанија освен декларативно покажување интерес за ФЕНИ, не вложи ни еден денар во исплаќање на побарувањата кон доверителите, во платите на вработените или во каква било инвестиција во фабриката. Секој друг чекор и враќање на процесот назад, ќе предизвикаа ФЕНИ повторно да биде затворен, печките да не работат а работниците да останат без сигурен месечен надомест.
Затоа, на претставниците на локалната самоуправа ќе им бидат презентирани предностите и бенефициите од успешното рестартирање на ФЕНИ Индустри и како кавадаречката компанија со својата успешна работи ќе придонесе за развој на целиот регион. Средбата ќе води и кон воспоставување на подобри и поблиски односи како основа за идна успешна соработка, меѓу компанијата и Општина Кавадарци.