„Еуролинк осигурување“ на цврста втора пазарна позиција во првите шест месеци од 2019 година

Компанијата со својата мрежа на подружници во над 30 града и со своите 217 вработени настојува да биде таму каде што клиентите имаат потреба, за што се доказ повеќе од половина милион задоволни корисници.

107

„Еуролинк осигурување“ АД Скопје во првото полугодие од оваа година ја зацврсти
втората пазарна позиција со учество од 13,22% на целокупниот пазар за неживотно
осигурување во Република Северна Македонија. Бруто-полисираната премија за првите шест месеци изнесува 582.871.550 денари, што претставува пораст од 7% за период во кој целокупниот пазар за неживотно осигурување расте со 5%.

Компанијата е пазарен лидер во незадолжителните класи, и тоа: класата на здравствено осигурување со 46% пазарно учество, осигурување од несреќен случај – незгода со 23% пазарно учество, осигурување на туристичка помош со 17%, а по основа на осигурување од општа одговорност со сегашното 25% пазарно учество го одржува приматот на првата позиција веќе 11 години по ред.

Резултатите покажуваат зајакнување и на капиталната позиција,која изнесува
501.882.050 денари со пораст од 41.501.839 денари или 11% за истиот период лани.
Со порастот на бруто-полисираната премија и континуираниот раст на бројот на
осигуреници „Еуролинк осигурување“ продолжува со квалитетно намирување на своите обврски кон осигурениците, за што сведочи зголемениот износ на бруто-исплатени штети од 199.089.717 денари,или пораст од 8% во однос на износот на бруто-исплатените штети за првото шестмесечје во 2018 година.

Компанијата со својата мрежа на подружници во над 30 града и со своите 217 вработени настојува да биде таму каде што клиентите имаат потреба, за што се доказ повеќе од половина милион задоволни корисници. Иновативноста е евидентна во сите сегменти од работењето на друштвото, како во унапредување на интерните процеси така и преку технолошките иновации,како што е уникатниот контакт-центар „Еуролинк 24“, првата интернет-продавница за осигурување преку која граѓаните веќе 7 години на лесен, брз и едноставен начин може да купат осигурување за регистрација на своето возило, на својот дом и осигурување на туристичка помош, а тука е и првата мобилна апликација за осигурување, која им овозможува флексибилност на клиентите и во движење. Воедно, „Еуролинк“ преку својата платформа за општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, преку разни активности во областа на образованието, културата и уметноста вложува во општеството во кое работи.

Плановите на компанијата се амбициозни и насочени кон освојување на првата пазарна позиција на пазарот за осигурување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...