„Етиопиан ерлајнс“: Пилотот побара да се врати

286
ФОТО: EPA / STR

Пилотот на „Етиопиан ерлајнс“ имаше потешкотии со управувањето со авионот непосредно пред да се урне авионот Боинг 737 Макс 8 и побара да се врати во базата, изјави извршниот директор на авио-компанијата Теволде ГебреМариам.

– Пилотот доби одобрување за враќање, но набрзо исчезна од радарот – посочи ГабреМариам.

Во изјава за Си-Ен-Ен тој рече дека сите пилоти на „Етиопиан ерлајнс“ имале дополнителна обука за постапките за време на летот, која вклучувала и информации за процедурите воведени по падот на Боинг 737 Макс 8 на компанијата „Лајон Ер“.

ГабреМариам побара компанијата Боинг да ги приземји сите свои 737 Макс 8 авиони сè додека не се утврди дека се безбедни за лет.

ФОТО: EPA / STR

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...