Естрадните менаџери први на списокот за плаќање даноци во Србија

Со оглед на тоа дека 5 август е недела, крајниот рок ќе биде понеделник - 6 август.

138

Естрадните менаџери во Србија се први на списокот за плаќање даноци и должни се до понеделник да достават договори за своите приходи, објави даночната управа на Србија.

– По основа естрадни програми за забавна и народна музика и други забавни програми, должни се да достават пријава и известување до 5-ти во месецот за договори склучени во претходниот период – порачуваат од даночната управа.

Со оглед на тоа дека 5 август е недела, крајниот рок ќе биде понеделник – 6 август.

Познатите менаџери кои работат на естрадата со години и имаат свои фирми преку кои регуларно плаќаат данок се согласни дека овој сектор треба да се „прочешла“ за да се запре трендот на „плаќање на рака“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...