„Еспресо“: Суспендирани петмина вработени во Ватикан

93
ФОТО: EPA / ALESSANDRO DI MEO

Петмина вработени во Ватикан, вклучително и вториот по ранг во ватиканската Управа за финансиски информации, се суспендирани по полициски претрес, објави денеска италијанскиот весник „Еспресо“.

Весникот на својата веб страница го објави полицискиот извештај во кој е наведено дека на чуварите на ватиканските капии им била дадена наредба да не им дозволат да влезат внатре бидејќи се суспендирани.

Меѓу суспендираните е и една жена.

Портпаролот на Ватикан изјави дека нема коментар за овој извештај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...