ЕСМ ќе го плати инвертерот, а државата ќе ве казни ако се греете на дрва

Граѓанинот ќе склучи договор со кој се обврзува дека нема да ја користи печката за огрвено дрво. Доколку се установи дека користи огревно дрво, ќе следат санкции, соопшти заменик министерот за животна средина Јани Макрадули.

4373

Во рамки на  „Планот за чист воздух“ во општините во Градот Скопје, во Тетово, Битола и во Кичево, ќе бидат доделени пари за целосна замена на печките на дрва со високо ефикасни инвертор клими, информира заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.

Тој рече дека приоритет имаат граѓаните каде што загадувањето е енормно, а ќе се покеие 100 отсто од цената на чинење на инвертерот.

Нао ваа мерка се одлучила владата, како што рече Макрадули бидејќи греењето со инвертор клими е еден од најеколошко.

– Вкупните годишните трошоци за греење, да речеме на површина од 60 квадратни метри, со инвертер клима чини 11.734 денари, доколку користите дрва тоа би чинело 18.586, или ако користите нафта за домаќинство дури 43.038 денари. придобивка е и тоа што во лето истиот уред и ќе ве леади – рече Макрадули.

Тој информира дека имплементацијата ќе биде преку законско решение со систем на ваучери.

Макрадули најави контрола на граѓаните на кои ЕСМ ќе им го плати инвертерот.

– Ќе има казнени мерки и контроли. За тоа општините ќе бидат носители на мониторингот. Граѓанинот ќе склучи договор со кој се обврзува дека нема да ја користи печката за огрвено дрво. Доколку се установи дека користи огревно дрво, ќе следат санкции. Се разбира, најзаинтересирани ќе се граѓаните да ја извршат замената бидејќи ќе им е поевтино и нема да ги загадуваат нивните блиски во семејството – рече Макрадули.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...