ЕСМ заедно со приватен партнер ќе гради две фотоволтаици од по 50 мегавати во Осломеј

Тендерот за изградба на двете фотоволтаици е објавен вчера.

766

Две фотоволтаични централи со јачина од по 50 мегавати ќе се градат преку јавно-приватно партнерство во Осломеј. Инвестицијата се проценува на околу 80 милиони евра. Вчера е објавен и тендерот, а на него можат да учествуваат домашни и странски компании. Фотоволтаиците ќе треба да испорачуваат електрична енергија за покривање на потребите на 20.000 семејства.

Како што рече на денешната прес-конференција директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски приватниот партнер ќе треба да ги обезбеди парите за реализирање на инвестицијата, да ја изгради и по 35 години, колку што е планирано да управува со нив, да ги врати во владеење на јавниот партнер.

– ЕСМ нема никакви финансиски обврски освен да обезбеди површина на која ќе се градат фотоволтаичните централи, да обезбеди инфраструктура и да обезбеди балансирање на електричната енергија. Приватниот партнер на ЕСМ во периодот од 30 години ќе плаќа најмалку 10 отсто од берзанската цена на продадената енергија на регионалната берза HUPEX. При тоа приватниот партнер треба да преземе и 100 вработени од ТЕЦ Осломеј – рече Ковачевски.

Заработката на ЕСМ на годишно ниво од овие фотоволтаици би била меѓу 800.000 евра и 1.000.000.000 евра, а компанијата би имала трошоци само за баласирање кои се проценува дека ќе изнесуваат 8 отсто од овие пари.

Двете фотоволтаични централи ќе се градат на површина до фотоволтаичната ценрала од 10 мегавати којавеќе се гради во Осломеј.

Ковачевски рече дека површината на рудникот Осломеј на која ќе се градат фотоволтаиците ќе биде рекуливирана, што е обврска на сопственикот на рудникот Осломеј при неговото затворање.

Ковачевски најави и дека во блиска иднина ќе почне процесот за изградба на хидроелектраната „Чебрен“.

На прес конференцијата присуствуваа и премиерот Оливер Спасовски и министерот за економија Крешник Бектеши.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...