Ескалираат вербалните престрелки меѓу Израел и Турција

216

Израел и Турција во текот на викендов разменија остри изјави, а кулминацијата се случи денеска кога Анкара го нарече „незаконска окупација“ израелското присуство на палестинските територии откако премиерот на еврејската држава ја обвини Турција дека „убива“ Курди.

Портпаролот на Кабинетот на Претседателот, Ибрахим Кален денеска се спротивстави на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека тој треба „да ја запре незаконската окупација на палестинските територии и суровото сузбивање на палестинскиот народ“.

Тој на Твитер напиша дека „бескрајните напади против Ердоган и користењето на Курдите за одвлекување на вниманието нема да го спасат (Нетанјаху) од внатрешните проблеми“.

Вчера турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, при обраќање кон младите Турци, препорача „никогаш повеќе да не удрат кон поразениот непријател“. Притоа додаде: Нели не сте Евреин во Израел“.

Израелскиот премиер Нетанјаху, пак, на Твитер побара од него „да не чита морал на Израел“, обвинувајќи го за „окупирање на северен Кипар“ со војска која „убива жени и деца во курдските села во Турција и пошироко“.

Турско-израелските односи се заострија оваа година поради голем број прашања, особено во јули, кога израелскиот Парламент усвои контроверзен закон кој го дефинира Израел како национална држава на еврејскиот народ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...