„Ерусалим пост“: Турската армија напаѓа руски авиони во Сирија

770

Турски воени специјалци во сириската провинција Идлиб користеле ракети за да се обидат да ги соборат руските и сириските воени авиони, пишува весникот „Ерусалим пост“, откако беше соопштено дека сириските бунтовници, поддржани од турската армија, го зазеле градот Најраб во Идлиб.

„Небото над Идлиб исто така е опасно. Бунтовниците и турските специјалисти активно користат преносни системи за противвоздушна одбрана“, се наведува во извештајот.

Во текстот се додава дека руските и сириските авиони биле принудени да преземат соодветни дејства.

Други детали не се соопштуваат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...