На островот Сулавези во Индонезија, денеска е регистрирана ерупција на вулкан што исфрла пепел до 7.500 метри височина.
Вулканот Сопутан што се наоѓа во северниот дел од островот, двапати утрото исфрли пепел, соопшти портпарол на националната Агенција за спречување катастрофи. Според него, во очекување е излевање лава и пепел низ падините на вулканот и повика на евакуација на локалните жители.
Сопутан е еден од најмалку 120 активни вулкани во Индонезија.