Ерупција на вулканот Таал на Филипините, мирувал од 1977 година

90

Вулканот Таал на Филипините денеска еруптира по децении мирување. Големото количество пареа и пепел се кренаа на околу сто метри во воздухот.

Зголемувањето на вулканската активност ги натера локалните власти за само еден час двојно да го зголемат нивото на тревога, пренесе „Дарик њуз”.

И покрај тоа што вулканот немал ерупција од 1977 година, таму во последните неколку години се регистрираше зголемена сеизмичка активност.

Таал се наоѓа на најголемиот остров во Филипините, Лузон, на околу 50 километри јужно од престолнината Манила.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...