Италијанскиот остров Стромболи е погоден од серија опасни ерупции на вулкан, кој денеска ги принуди туристите од плажите да бегаат во море.
На островот се случија две нови ерупции, а од вулканот излегуваат црвени, вжештени камења, наречени „лапили“.
Од кратерот излегува огромен столб густ, црн чад, тврдат очевидци.
ОБНОВЕНО Еден турист почина, а друг е сериозно повреден при неочекуваната ерупција на вулкан на италијанскиот остров Стромболи. Туристот во моментот на ерупцијата се качувал кон кратерот на вулканот. Во тек е евакуација на сите кои се наоѓаат на островот.