Ердоган ќе владее и наредните 5 години

246

По преброени 96 проценти од гласовите, според првичните резултати од претседартелските избори во Турција, актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган останува на власт и во наредните 5 години.

Тој во првиот круг од изборите што се одржаа денеска освои 53 отсто од гласовите, додека неговиот главен ривал Мухарем Инче 31 отсто од гласовите, јавија локалните медиуми.

Одѕивот на 56 те милиони гласачи на претседателските избори бил 86.82 отсто, додека на парламентарните 87 отсто јави државната телевизија ТРТ.

Во согласност со законските измени, турскиот Парламент во иднина ќе има 600, наместо 550 пратеници.

Претседателот и пратениците се бираат со мандат од 5 години.

Ердоган во Турција е на власт речиси 16 години. Пред да стане претседател во 2014, тој 11 години беше премиер на Турција.

Фото:EPA/ERDEM SAHIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...