Ердоган: ЦИА не се фокусираше целосно на убиството на Кашоги

69
ФОТО: EPA / ERDEM SAHIN

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган изјави дека ЦИА не се фокусирала целосно на убиството на новинарот Џамал Кашоги, јави Анадолија.

Во гостување во заедничката програма на националните телевизии „АТВ”  и „А Хабер”, турскиот претседател ја коментираше истрагата во врска со случајот за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, при што нагласи дека американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) не се посветила доволно околу ова прашање.

– ЦИА не се фокусираше целосно на убиството на Кашоги, САД треба да стават тежиште на ова прашање. Ние сме посветени тоа прашање да го изнесеме пред меѓународен суд – рече Ердоган.

Тој додаде дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп нема единствен став во врска со најавата за повлекување на трупите од Сирија.

– Администрацијата на Трамп дава впечаток дека е далеку од единствен став во врска со најавата за повлекување на трупите од Сирија – рече турскиот претседател.

ФОТО: EPA / ERDEM SAHIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...