Ердоган: Турција ќе влезе во Манбиџ ако САД не обезбедат повлекување на курдската милиција

101
EPA /TURKISH PRESIDENTIAL PRESS OFFIC

Турските сили ќе влезат во сирискиот град Манбиџ, ако САД не обезбедат повлекување на Силите за заштита на народот на сириските Курди од овој регион, изјави во Истанбул турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Тој додаде дека Анкара е решена да обезбеди мир во областа источно од реката Еуфрат во Сирија.

Анкара и Вашингтон имаат несогласување во врска со позицијата на Силите за заштита на народот.

Анкара ги смета Силите за заштита на народот за сириски огранок на Курдската работничка партија (ПКК), која од 1984 година води вооружена борба за автономија на Курдите во Турција. ПКК се наоѓа на листата на терорстички организации на Турција, САД и ЕУ.

Од друга страна, САД во Силите за заштита на народот гледаат важен партнер во борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Турција и САД претходно годинава постигнаа договор за Манбиџ по неколкумесечните несогласувања, кој предвидува Силите за заштита на народот да се повлечат целосно од градот.

ФОТО: EPA /TURKISH PRESIDENTIAL PRESS OFFIC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...