Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повика на реформа на Советот за безбедност на ОН во говорот пред Генералното собрание на ОН.
– ОН постигна непобитни успеси за 73 години, но, се оддалечува од исполнувањето на очекувањата на човештвото за мир и просперитет – рече Ердоган.
– Турција станува глас на светот, бидејќи светот е поголем од пет – нагласи Ердоган, мислејќи на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, кои имаат право вето.
Турскиот претседател побара да се прошири составот на Советот за безбедност.