Ердоган: Турција нема да се откаже од офанзивата во Сирија

87
ФОТО: EPA / JUSTIN LANE

Турција нема да се откаже од офанзивата против курдските борци во североисточниот дел на Сирија, „без разлика кој и што кажува“, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, додавајќи дека борбата ќе продолжи се додека не се постигне „конечна победа“.

– Одлучни сме да ја продолжиме операцијата до крај, неосврнувајќи се на заканите. Апсолутно ќе ја завршиме работата која ја почнавме. Нашата борба ќе продолжи се до конечна победа, истакна Ердоган во својот говор во Баку.

Тој, исто така, ги осуди ЕУ и Арапската лига поради нивните критики за турската акција и побара меѓународни средства за плановите на Анкара за создавање „безбедносни зони“ во североисточниот дел на Сирија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...