Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, упати предупредување до европските земји дека Турција нема да може да се справи со нов бран бегалци и мигранти од Сирија.
Од 2011 Турција на нејзина територија има пет милиони бегалци, од кои 3,7 се од Сирија. Ердоган вчера порача дека неговата земја нема да може да повторно да управува со нов бран на луѓе од Сирија кои бегаат од бомбардирањата на режимот на Ал Асад во провинцијата Идлиб, моментално под контрола на џихадистите.
Според извештаите, повеќе десетици илјади лица тргнале кон границата со Турција поради засилените воени удари од страна на сириските и руските воени сили од 16 декември.
– Турција не може да прими нов бран бегалци од Сирија – изјави Ердоган кој тврди дека 80 илјади жители од Идлиб избегале кон турската граница.
Доколку се зголеми бројот на бегалци, Турција нема намера „сама да го носи овој товар“, рече турскиот претседател.
– Негативните последици на овој притисок што го трпиме ќе бидат почувствувани во сите европски земји, почнувајќи од Грција – додаде Ердоган пред турските граѓани во Истанбул.
Според турските власти, Европа ќе се соочи со истото сценарио како во 2015. Ердоган денеска треба да отпатува во Москва за преговори со руските власти за прекин на огнот во Идлиб.