Ердоган: Со медиумите не е возможна демократија

82

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека со медиумите не е возможна демократија.

Како што објави „Хуриет дејли њуз“ тој истакна дека при неговите неодамнешни патувања во САД и во Германија увидел дека дури и најсилните држави денес се управувани од медиумите.

– Видов дека големите земји се управувани од медиумите, а не од нивните лидери. Бидејќи кога разговарав со нив, тие ми кажуваа: Нашите медиуми го кажуваат тоа, нашите медиуми пишуваат за тоа. А, јас им одговорив: Едноставно заборавете ги медиумите, кажете ми што вели вашиот народ – изјави Ердоган во Анкара по повод почетокот на новата академска година.

Тој додаде дека во минатото и со Турција владееле медиумите, но оти сега „Владата е самиот народ“.

– Тоа што за нас е важно е како нашиот народ не оценува. Демократијата ја црпи својата сила од народот. Има демократиија, ако има народ. Со медиумите не е возможна демократија – посочи Ердоган.

Ердоган наведе и дека „во западните медиуми има погрешни информации за Турција“ и поради тоа побара од турските академици да ја поддржат Владата во „кампањата против дезинформациите“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...