Ердоган: Се надевам дека односот на САД нема да се промени поради С-400

61
EPA /TURKISH PRESIDENTIAL PRESS OFFIC

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа изрази надеж дека односот на САД кон Турција нема да се промени поради одлуката да купи систем за ракетна одбрана С-400 од Русија.

– Релевантни институции спроведуваат неопходни преговори. Ќе продолжат да го прават тоа. Ќе разговараат и со Парламентот. Се надевам дека овој погрешен пристап на Америка ќе се смени – рече Ердоган.

Американски и претставници на НАТО повеќе пати ја предупредија официјална Анкара дека со С-400 не може да се интегрира во НАТО системите за воздушна и ракетна одбрана и оти купувањето С-400 ќе ги загрози изгледите за реализација на купувањето на борбените авиони Ф-35.

ФОТО: EPA /TURKISH PRESIDENTIAL PRESS OFFIC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...