Ердоган нема да се откаже од рускиот одбранбен систем, го сака и „Патриот“

Тој ја отфрли можноста за избор меѓу Русија и САД како курс за надворешна политика на Турција.

318

Анкара нема да се откаже од рускиот ракетен одбранбен систем С-400, дури и ако го набави американскиот систем „Патриот“, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган по неговото враќање од Вашингтон.

– Им кажавме на САД дека ќе го купиме системот „Патриот“ ако ни понудат добра зделка. Сепак, сметаме дека (американската) понуда целосно да се откажеме од С-400 е сосема погрешна – рече Ердоган за НТВ.

– За нас е важно да го имаме С-400 во нашиот одбранбен систем. Ние ќе го купиме и С-400 и Патриот затоа што го развиваме нашиот одбранбен систем на разновиден начин. Тоа е стратегија на нашите вооружени сили – истакна Ердоган.

Тој ја отфрли можноста за избор меѓу Русија и САД како курс за надворешна политика на Турција.

– Постојат политичари кои ме прашуваат кој е непријателот: САД или Русија. Не сакам непријатели. Сакам да бидам пријател и со Америка и со Русија. Тоа е нашата цел и ние преземаме соодветни чекори кон тоа. А некои се загрижени поради тоа – заклучи претседателот на Турција.

Фото: EPA/ERIK S. LESSER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...