Ердоган: Нема да дозволам „договорот на векот“ да го загрози мирот во регионот

377
ФОТО: EPA / ERDEM SAHIN

Турција никогаш нема да дозволи мирот во регионот да биде нарушен од американскиот „договор на векот“, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, пренесе Анадолија.

– Ние не го признаваме овој  план, што значи анексија на палестинска земја, целосно уништување на Палестина и целосно заземање на Ерусалим. Никогаш нема да го прифатиме овој обид што предвидува решение преку две држави, но фактички значи легитимирање на израелската окупација под мандат на американската администрација – изјави шефот на труската држава за време на прес конференција во Куала Лумпур, во Малезија.

„Договорот на векот“ беше претставен на 28 јануари од страна на американскиот претседател Доналд Трамп. Во него се посочува дека Ерусалим е „неделив главен град на Израел“ и со него се признава израелски суверенитет врз големи делови на Западниот брег.

ФОТО: EPA / ERDEM SAHIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...